Министерот за внатрешни работи ја обвини официјална Софија дека е дел од хибридната војна односно дека доаѓањето на бугарскиот воен авион кој слета во Охрид и го однесе Пендиков на лекување во Бугарија е дел од хибридните напади врз Македонија.
Според Спасовски меѓусебна пресметка во криминална група во која се наоѓал и Пендиков е искористена од сили во владата на Бугарија против Македонија
Според досегашните сознанија најмалку еден од напаѓачите има бугарски пасош и е во притвор а тепаниот нема бугарски пасош и е згрижен во Софија.
„Тоа што повредениот Христијан Пендиков експресно беше префрлен во Бугарија на лекување, е исто така дел од смислено сценарио!“, вели Спасовски во интервју за Слободен Печат со што директно ја обвини бугарската влада дека води хибридна војна.
Ако предходно владини извори тврдеа дека случајот Пендиков и тензиите околу прославата на раѓањето на Делчев во Скопје е инсцениран од руски служби Спасовски индиректно ја обвинува владата на Бугарија дека е дел од руската хибридна војна во Македонија.
,,Дел од хибридната војна против Македонија е и последниот случај во Охрид, со претепувањето на Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот културен клуб поради кој овие денови се нарушија кревките македонско бугарски односи”, дециден е министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во гостувањето во емисијата „Утрински печат“.
Expres.mk веќе објави дека високи извори во МВР го информирале бугарскиот министер за внатрешни работи Демирџиев дека Пендиков бил тепан за бизнис со дрога.
Целото интервју со Спасовски на Слободен Печат






