Спасовски: Избори на 5 јули!?

Техничкиот премиер Оливер Спасовски денеска соопштио дека парламентарните избори ќе се одржат на 5 јули бидејќи по завршувањето на вонредната состојба од 14 дена, се исполнува законскиот рок од 22 дена до изборите, пренесе порталот СакамДаКажам.



„Тоа е единствена опција пропишана со закон, и не постои друг правен механизам. Ако прецизно се одброи,  тоа значи дека изборите ќе бидат на 5 јули. Било какво пролонгирање не можно ниту од правен, ниту од праведен аспект. Секој термин на избори кој ќе навлезе во летниот период ќе го загрози гласачкото право на граѓаните, зашто ќе се спротивстави со правото на летен одмор. Избори наесен се опасна идеја по здравјето на граѓаните и економијата“, рече Спасовски.