Спасовски и МВР предмет на потсмев по “неверојатното објаснување за фатена дрога

Министерот за внатрешни работи и врвот на на МВР е предмер на невидени шеги откако прес службата соопшти дека дрогата фатена на влез во Црна Гора во возило на МВР седела во возилото од 2016 година.



“Од МВР истакнуваат дека вработените немаат никаква врска со дрогата туку таа била скриена во автомобилот, односно останала од 2016 година кога ова возило било запленето.”
100 % “Albancite” od Serava sto go “napadnaa” Dime Spasov ja zaboravile” 🙈🙈🙈
Auu, ova reziserov na filmov, sigurno ke da zemal od drogava makar i od 2016 ostavena🙀🙀🙀
#СамоЦитатОдКилиМиПаѓаНаПамет
#НеНиВреѓајтеИнтелигенција
#ПропагандаНаНајјако
#КојОвдеНеПолудиНеЕНормален” , пишува новинарката на ТВ 24 Душица Мрѓа.

Сатиричниот портал кооперација.мк со свој одговор на официјалната верзија на МВР за дрогата што наводно 5 години седела во полициско возило.

“Министерството за внатрешни работи денес соопшти при рутинска контрола врз носот на екс-пратеник од владејачкото мнозинство, пронашла пола грам кокаин, заборавен таму од времето кога Груевски беше на власт.

Од МВР велат дека анонимниот пратеник нема никаква поврзаност со пронајдената дрога, туку таа му била подметната од, за сега, неидентификувани странски служби, кои во обид да ја срушат неговата репутација се решиле на овој радикален чекор, но не успеале.

Моментално екс-пратеникот е на слобода, додека неговиот нос е привремено задржан во полиција со цел да се изврши вештачење на робата и откако тоа ќе заврши МВР ќе објави повеќе детали околу овој случај”, пишува Илче Затаракоски во сатиричниот текст на кооперација.мк.

На социјалните мрежи освен шетинна сметка на Спасовски и МВР има и сериозни анализи.