Министерот Спасовски и МВР веќе втор ден молчат за скандалот во врска со свирепата тепачка во Прилеп од 17 април кога најмалку пет луѓе крвнички тепаат вработен во прилепската болница.
Иако на видеото јасно се гледа дека најмалку пет луѓе тепаат МВР во демантот со кој ги обвини медиумите дека лажат тврди дека четворица се процесирани.
Кој е петтиот што тепа а кој не е процесиран од МВР засега не кажуваат ни Спасовски ниту неговиот ПР тим.
Завчера на емисијата ,,Заспиј ако можеш” Горан Момироски докажа дека Спасовски и МВР лажат дека случајот е целосно расчистен и притоа го повика министерот и неговиот тим да дадат објаснување кое се уште го нема.
Повеќе детали со видеото кое ја докажува манипулацијата и криење осомничени од страна на Спасовски и МВР што од независно и професионално обвинителство може да биде третирано како тешко кривично дело.
Кој е петтиот насилник што тепа крвнички а МВР и Спасовски го кријат (ВИДЕО)






