Спасовски и МВР лажеле медиуми за да го спасат вицепремиерот Груби

Министерството за внатрешни работи, министерот Спасовски или луѓето во одделот за информирање на МВР лажеле медиуми со цел да го спасат вицепремиерот Артан Груби од можен прогон.



Ова е логичниот заклучок за начинот на информирање од МВР во скандалот ,,Скриен имот” на Артан Груби откако стана јасно дека институцијата што ја води Оливер Спасовски дала лажни сознанија на медиумите.

,,Од МВР за „360 степени“ рекоа дека лицето што пријавило во полиција е сопственикот на возилото Б.Л. и дека немаат сознанија за поврзаност на возилото со Груби”, објави завчера порталот на емисијата што се емитува на Алсат М а МВР досега не демантираше дека веста е лажна.

Проблемот е што МВР како орган кој се грижи за безбедноста на сите највисоки државни функционери во секој момент знае каде, со кого и со кое возило се движи вицепремиерот Артан Груби.

Од МВР излажале дека немаат сознанија за поврзаност на аудито со Артан Груби затоа што тој како вицепремиер има дваесет и четири часа полициско обезбедување.

Полициските службеници имаат законска обврска редовно да поднесуваат извештаи за неговото движење со било кое возило вклучително и аудито со кое сите институции потврдуваат дека се возел.

Човекот кој ги координира овие информации е директно поставен од Оливер Спасовски и министерот тој и неговиот тим во секој момент треба да знаат што се случува со претседателот Пендаровски, премиерот Ковачевски, и вицепремиерите во владата.

Со лажниот исказ МВР или луѓе овластени од таму направиле обид да скријат факти за скандалот со скриениот имот на Груби и со тоа сами се инкриминирале во случајот кој сега го истражува Јавното обвинителство.

Ако обвинителството истрае Груби се соочува со затвор од 6 месеци до 8 години