Спасовски и Ислами не апсат на Блаце и функционери на ДУИ и СДСМ, но вечерва на Табановце глумат сериозна битка со корупцијата

Откако пред две недели не ги уапсија високите функционери на МВР од ДУИ кои учествувале во ослободување на две лица кои Македонија ги бара за две меѓународни истраги денеска МВР на Спасовски и Јавното обвинителство за организиран криминал предводено од Ислам Абази од ДУИ удрија на Табановце каде се обидуваат да изглумат сериозна битка со корупцијата.



Иако на Блаце според извори во МВР имало доволно докази за апсење на најмалку тројца високи функционери на ДУИ сепак Абази, Спасовски и владата се решиле да апсат на Табановце каде се прави обид за апсење на пониски полициски службеници.

Во ЈО за организиран криминал има четири завршени предистраги поради кои треба да бидат уапсени високи функционери на ДУИ но Абази и Спасовски кој е меѓу осомничените од тие четири случаи, не апсат никого од тие за кои што треба да се преземат мерки за обезбедување туку отвараат нив случај, најверојатно за да ја дефокусираат јавноста од предметите во ЈООКК.

Најверојатно во обид да изглумат сериозна битка со корупцијата Абази и Спасовски вечерва создале хаос на граничниот премин Табановце.

За влез во Македонија граѓани чекаат по повеќе од три часа. Колоната е километарска, а револтирани патници сведочат дека од околу 18 часот не е пуштен ниту еден автомобил.

Според полуофицијалната информација за медиумите МВР во координација со ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција спроведуваат заедничка акција на ГП Табановце каде се апсат полицајци инволвирани во коруптивни дејства, но повеќе информации од МВР најавија за утре.