Спасовски го сменил началникот на СВР Охрид кој ,,командува” со Струга, Кичево и Дебар

Извори во полициската станица во Струга тврдат дека од денеска началникот на Секторот за внатрешни работи Охрид Сашо Смилевски веќе не е на својата функција.



Од таму не ги знаат деталите за смената на охридскиот началник на СВР кој важи за една од најмоќните позиции во МВР затоа што под своја ,,команда” ги има полициските станици во Струга, Дебар и Кичево.

Смената на Смилевски доаѓа три месеци по големата кражба на магацин на МВР во Охридско во кој имало полициски средства.

Тогаш МВР информираше дека дека биле украдени солзавци, шок бомби и други предмети.

Иако Спасовски подоцна објави дека има индиции кој ја сторил кражбата досега нема уапсени за случајот.

Смилевски важи за човек близок на СДСМ кој досега добро балансирал со командирите на полициските станици во Кичево, Струга и Дебар кои се под негова команда а ги раководат полициски службеници блиски на ДУИ.

МВР засега нема објавено официјална информација за смената Смилевски.

Тој се уште стои на веб сајтот на МВР како началник на СВР Охрид.

Смената на охридскиот началник се случува откако во Охрид во текот на викендот дојде до експлозија од криминални случаи за само 24 часа.

Дрога, тепачки, оружје…., експлозија на криминал во Охрид


Најчитано

Зошто пријателска Чешка ги навредува Македонците и македонската држава

Претседавачот со ЕУ во Скопје ја третира Македонија како регистерска табличка (ФОТО)