Претседателот Стево Пендаровски му го врачи мандатот за формирање техничка влада на Оливер Спасовски откако на седница на Собранието беше констатирана оставката на премиерот Зоран Заев.



„Врз основа на член 84 од Уставот и Законот за Влада, предлогот на најголемата политичка партија што го формира владиното мнозинство за мандатар за состав на преодната влада за спроведување избори за пратеници го определувам Оливер Спасовски, изјави Пендаровски на настанот што се одржа во „Вила Водно”.

„Наша задача ќе биде да направиме се да продолжи државата со напредокот да направиме се да имаме фер и демократски избори и да овозможиме слободно граѓаните да донесат одлука. Меѓутоа, сите институции да продолжат понатаму со истата динамика како што работеа и досега, рече Спасовски изразувајќи благодарност.

Поппладнево спасовски пред Собранието да го изнесе своето експозе како мандатар на техничката влада и програмата за работа.

Се очекува најдоцна до полноќ техничката влада да биде избрана во Собранието, по што членовите на новата вклада ќе бидат примени од пендаровски.