„Процесот на гласање не ги изложува на ризик граѓаните доколку ги почитуваат мерките“ изјави денеска техничкиот премиер Оливер Спасовски кој ги повика граѓаните 15 јули да излезат на изборите и да гласаат.
Според него гласањето и задржувањето на гласачкото место трае од 3 до 5 минути, што е помалку отколку пазарењето во маркет.
„Да го искористиме граѓанското право и да создадеме демократски институции. Организирање фер и демократски избори е приоритет на оваа преодна влада. Секое прекршување на мерките и секоја злоупотреба на државните ресурси за партиски цели ќе биде санкционирано“, рече Спасовски.





