Добро е да има и друг кандидат за претседател на на СДСМ, но на Заев треба да му се даде шанса, изјави министерот Оливер Спасовски во синоќешното гостување на ТВ21.
Тој вели дека не се гледа како еден од кандитатите на таа позиција.
„Јас воопшто не размислувам на таа тема сега. Сметам дека еден претседател на партијата кој ги донесе најважните одлуки и за партијата и за државата, еден претседател кој се бореше и го сруши режимот, заслужува да му се даде поддршка во следниот период да продолжи да работи за доброто и на партијата и на државата“, изјави Спасовски.





