Граѓаните ќе треба да платат дополнителни камати за одложувањето на кредитите, потврди синоќа техничкиот премиер Оливер Спасовски на „Топ тема“ на ТВ Телма.



„Ние можеме сега да побараме се да се одложи, во функција на некаква помош, но мораме да водиме сметка особено за банкарскиот систем или сектор и мораме да направиме се за истиот да го одржиме таков“, рече Спасовски.

Тој вели дека било побарано секоја од банките да изврши одлагање за три до шест месеци.

На прашањето дали одложувањето е со дополнителна камата, тој рече дека точно е дека не е предвидено да се стопира каматата, но треба да се има во предвид дека треба да се одржува ликвидноста на банките.