Спасовски 5 години ја манипулирал јавноста за кратенките МКД и МК

Во август 2018 година министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски јавно објавил дека меѓународните кодови за Македонија според меѓународна организација ќе останат МКД и МК за по речиси пет години да ,,запее нова песна”.



Сега Спасовски се фали дека наместо да плаќаат скапи нови таблички граѓаните ќе може да поминат само со налепница за НМК (Норт Македонија) заборавајќи дека пред пет години ветувал и јавно тврдел нешто сосема друго.

Спасовски кој е еден од најсериозни кандидати за кандидат за претседател поддржан од СДСМ и ДУИ веќе го избришал стариот пост со тврдењето дека МКД и МК остануваат меѓународни кодови за Македонија но не пресметал дека неговата политичка манипулација ја документирале обични граѓани кои почувствувале дека Спасовски може да го смени ставот.

Наместо да си даде оставка Спасовски има план да биде кандидат за претседател на Македонија при што во кампањата ќе мора да се соочи со своите политички игри.