Спасовки веќе не е потпретседател на СДСМ

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски утринава поднесе оставка од функцијата потпретседател на СДСМ.



„На новиот претседател треба да му се даде можноста како што ја превзема одговорноста да биде лидер на партијата, да му се даде полно право во изборот на неговиот тим. Тој избор треба да го направи од нови луѓе, и затоа сметам дека не треба да бидам дел од новиот тим, се со цел да не го обременуваме ниту претседателот ниту новиот тим“, порача Спасовски пред неколку дена, во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.

Неизвесно е дали Спасовски ќе биде дел новата Влада која ќе ја формира мандатарот Ковачевски.