По предупредувањата од УНЕСКО дека Охрид е на пат да гои изгуби статусот на заштитено светско природно и културно наследство се појави нова интерент иницијатива „Спаси го Охрид“.
Претходно, граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ во писмено соопштение се огласи до медиумите и јавноста по однос предлог-одлуката на УНЕСКО, во која се препорачува преместување на охридскиот регион на Листата на светско наследство во опасност.
Од „Охрид СОС“ предупредуваат дека тоа е само чекор од бришење на Охрид од листата на УНЕСКО, што ќе значи загуба на статусот уникатно светско природно и културно наследство, што според нив само ги потврдува нивните ставови кога на сите можни начини предупредуваа на таквото нешто.
„Дали на нашата актуелна влада сега ѝ е јасно дека СДСМ и ДУИ ќе бидат партиите кои го изгубија УНЕСКО статусот токму на четириесетгодишнината од прогласувањето? Наместо да славиме јубилеј и да се гордееме што сме успеале да го зачуваме ова непроценливо богатство кое ни го донесе светот во нашата мала земја и кое нè постави на мапата на најуникатни предели во светот, ние со тежина во градите ќе ја очекуваме конечната одлука што Комитетот за светско наследство ќе ја донесе летово во Баку“, стои во писмото лиферувано до медиумите.
Невладината организација „Совест“ во неколку наврати организираше протести во врска со бесправната изградба на 32 метарско минаре во рамките на „реконструкцијата“ на Али Пашината џамија во Охрид за што нема соодветни одобренија.
Пред два дена, медиуми јавија дека градбата е завршена и дека на почетокот на јуни минарето ќе бисе ставено во Функција.
Премиерот Зоран Заев најави дека ова прашање ќе се решава низ дијалог.
Вчера во Охрид почна корнењето на околу 150 палми засадени во 2016 година бидејќи не се „автохтони“ растенија, но не и сонелегалната градба што беше предупредено и од УНЕСКО.
Новиот градоначалник на Охрид Константин Георгиевски соопшти дека во Охрид се регистрирани околу 700 бесправни градби.




