Спаси бебе по масакрот во Градачац, БиХ, сега прима закани!

Нови детали се појавуваат за страшното злосторство во Градачац, БиХ, каде вчера тројниот убиец Нермин Сулејмановиќ брутално ја убил својата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ и уште две лица пред конечно да се самоубие.



Емир Џиновиќ, сопственик на теретана каде убиецот Сулејмановиќ работел како фитнес тренер, вчера бил на местото на злосторството и го зел бебето по убиството на Низама Хеќимовиќ.

За среќа, бебето преживеало, а убиецот го оставил на подот.

„Да, го спасив бебето, во локва крв беше спуштено на подот. Сега е со мене, на сигурно. Сцената беше страшна. Ја претепа несреќната сопруга, беше непрепознатлива. Се познаваме подолго време, работеше кај мене, никогаш немаше никакви проблеми. Не знам како дојде до ова“, рече тој.

Бебето завршило во болница во Тузла, каде му била укажана помош и било утврдено дека е неповредено, по што ќе биде предадено на социјалните служби.

Џиновиќ, инаку, се огласи и за време преносот од убиствата што убиецот го вршеше на Инстаграм.

Имено, убиецот вчераутро во живо на Инстаграм го пренесуваше убиството на невенчаната сопруга на Н.Х. Покрај неа, убил татко и син (23) кои добро ги познавал, а ја ранил нивната сопруга односно мајка. Во масовното пукање се ранети уште еден полицаец и еден граѓанин.

Некои пораките на Џиновиќ кој го спаси бебето, ги протолкуваа како поддршка за тројниот убиец, по што тој синоќа изјави дека добил закани.

„Од вечерва ви е отворен ловот, да знаете“, пишувало меѓу другото во пораката што ја добил од извесен Ф.С.