По 68 часови спасено бебе од под урнатините (ВИДЕО)

Спасувачки тим од Унгарија по три дена извлече 18-месечно бебе од под урнатините во Антакија, Турција.



Хелен била пронајдена жива три часа откако спасувачите го извлекле десетгодишниот Мехмет од урнатините.

Првите 72 часа по земјотресот се сметаат за критични за пронаоѓање на преживеани.
Просечната стапка на преживување по првите 24 часа паѓа од 74% на 22% на третиот ден.

Петтиот ден стапката е само 6%, пишува Sky News.