Три лица изгубиле утрово контрола над чамец поради невремето во Дојранско Езеро и не можеле да се вратат кон брегот.
По пријава од граѓанин на единствениот телефонски број за итни повици 112 во ЦУК, веднаш биле преземени мерки од страна на патролниот тим од ПС за ГН и ГП -Стар Дојран.
Чамецот бил пронајден и потоа со помош на патролниот тим чамецот и трите лица безбедно биле извлечени на брегот на Дојранското езеро.







