Петмина турски државјани се успешно евакуирани откако вчера се изгубиле на Водно и по стемнувањето не успеале да се вратат во градот.
Случајот бил пријавен на единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Во 18:10 часот петте турски државјани се пронајдени и од кај месноста Милениумски крст на Водно и согласно остварените контакти со СВР Скопје се земени со возило на полицијата и безбедно се евакуирани кон градот“, информираа од ЦУК.






