Српските пожарникари цела ноќ се бореа за локализирање на пожарот што нешто пред полноќ избувна во Специјалната болница на Златибор.
Во текот на ноќта од запалената болница на Златибор биле евакуирани 114 лица, од кои имало околу 30 деца и неколку неподвижни лица.
Директорот на болницата за РТС изјавил дека успеале да ги сместат неподвижните пациенти во околните хотели.
За среќа во пожарот нема повредени.
„Добивме дојава за пожар три минути пред полноќ, на лице место веднаш се испратени сите расположливи противпожарни единици.
Целиот шести кат е од дрво и бил во пламен. Работата на пожарникарите ја отежнала силниот чад и борбата траела цела ноќ. Утринава околу 7 часот пожарот е локализиран“, изјави Саша Цицвариќ, командир на противпожарната единица од Ужице.






