Регионалниот ЦУК Скопје, извести дека вчера попладне од Единствениот број за итни случаи 112 била добиена пријава од родеител кој побарал помош за синот, кој одејќи на прошетка по Водно, се лизнал и најверојатно паднал и повеќе не се јавувал.
Телефонот му бил бил исклучен, а повикувачот не знаел, точно во кој дел може да се наоѓа синот.
Од ЦУК веднаш биле известени службите од Црвен Крст за натамошна постапка.
Во 14:55 часот од страна на Црвен Крст е добиено известување дека лицето е лоцирано и дека веќе е со неговиот родител на Средно Водно и дека се е успешно завршено, јави Слободен печат.





