Власта крои стратегија со цел да победи на изборите, односно да ја оневозможи опозициската ВМРО-ДПМНЕ да се најде во позиција да ја составува новата влада, брифира функционер од власта за „Слободен печат“
„Шемата што сега е во игра е актуелните владини партнери на изборите да настапат во два блока – тие (СДСМ-ДУИ-АА) како еден блок, а кон другиот да ја приклучат и албанската опозиција предводена од Изет Меџити, Билал Касами и Африм Гаши и како постизборна коалиција да формираат заедничка влада.
Со други зборови, ВМРО-ДПМНЕ и да победи на изборите да нема партија на Албанците која би формирала влада со партијата на Христијан Мицкоски“ дознава СП.
Планот предвидува ниту една партија на Албанците да не излезе со свој претседателски кандидат, туку уште во првиот изборен круг да го поддржат, како заеднички, кандидатот на СДСМ.
Според математиките на власта, оваа комбинација би обезбедила над 70 пратенички мандати, односно во најлош случај коалицијата би броела 72, а во најдобар 78 пратеници и сигурна победа на консензуалниот кандидат за шеф на државата.
Освен обезбедувањето речиси двотретинско мнозинство потребно за уставните измени таквата коалиција ќе ја остави ВМРО-ДПМНЕ без албански партнер, бидејќи сите парламентарни партии на Албанците би биле со СДСМ…





