СП: Пронајдено запалено возилото на напаѓачот на Раде Трајковски-Штекли

Возилото марка „ауди“ црна боја со кое се превезувал напаѓачот на Раде Трајковски Штекли и неговата „десна рака“, е пронајдено во скопското село Бојане, дознава „Слободен печат“.



Непознато лице, минатитот вторник, во Трговскиот центар „Ист Гејт“ пукаше кон Раде Трајковски-Штекли и уште едно лице при што беа тешко повредени.

По една недела помината во болница, Раде Трајковски Штекли е пуштен на домашно лекување. Состојбата на Штекли е стабилна иако му е остранет дел од белите дробови.

Придружбата на Штекли, второ повредениот во нападот во „Ист Гејт“, Димитар Трајчов викан Колумбо синоќа се разбудил од кома и е во стабилна состојба.

Ова е вторпат да се пука кон Раде Штекли.

Првиот пат, автомобилот од кој беше пукано кон него беше пронајден запален кај езерото Треска кон селото Грчец, потсетува „Слободен печат“