Пропадна обидот на Град Скопје за вклучување на приватните автобуси во редовниот градски превоз, заасега од непознати причини, кои градоначалничката Данела Арсовска би требало да ги објасни наредниве денови, јавува Слободен печат.
Нејасано е што е она што се случило во периодот од отворање на понудите на 27 март до денес, затоа што, според изјавите на Јовица Зафировски, кој ги предводеше преговорите со Град Скопје, приватните превозниците очекуваа наскоро даа се вратат на улиците. Тој дури и објасни дека се пријавиле за сите три пакети преку три фирми „Јофи бус“, „Вестор транс“ и преку „Радост компани“.
Наместо тоа, Арсовска денеска објави нов јавен оглас, односно го повтори оној што беше објавен на 6 март, со истите побарувања и услови како во претходниот.
Арсовска и Град Скопје бараат превозници на 16 линии, поделени во три пакети. Во првиот пакет се опфатени линиите со број 23, 45, 61, 63 и 73, за чие опслужување се потребни најмалку 35 автобуси и 76 возачи. Вториот пакет се однесува на превоз на линиите 9, 11, 11А, 12, 47А и 55. За автобусите да можат редовно да сообраќаат на овие релации, потребни се 39 автобуси и 83 возачи. И третиот пакет ги опфаќа линиите 19, 20, 22, 52 и 54, за што се бараат вкупно 41 автобус и 87 возачи.
Приватните не возџат од минатата есен по протестите на кои бараа Градот да им го надомести долгот од речиси два милиони евра.
Во меѓувреме, Арсовска им ги раскина договорите на дотогашните превозници „Макекспрес“ и „Слобода превоз“ и им забрани учество на огласите за приватни превозници што следув аа






