„Не знам зошто е од интерес потеклото на роднините на мојата сопруга. Сите поседуваме лични документи од Северна Македонија. Нема да ги коментирам предците на мојата сопруга“, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски по вчерашната објава на бугарски Труд дека неговата сопруга била Бугарка.
Според бугарскиот портал, кој тврди дека поседува документи, таткото и дедото на Елена Ковачевска – Митко Станојковски и Станојко Станојковски се Бугари родени во општина Босилеград, пренесе Слободен печат.







