Граѓани бараат да купат фалсификуван сертификат за ковид вакцинација и тоа јавно преку Купи продај огласник, дознава Слободен печат.
Се бараат контакти од лица, за да им изработат сертификат, иако не се вакцинирани и немаат намера да се вакцинираат.
Слободен печат од свои извори дознава, дека и во инспекторатите ширум земјава, се јавувале лица, кои сакале да останат анонимни и кажувале дека се поканети на свадби, а кога рекле дека не можат да присуствуваат зашто не се вакцинирани, од организаторите добивале одговор дека со ручекот ќе добијат и сертификат.
Од државниот пазарен инспекторат за Слободен печат велат дека не се информирани за изработка на лажни вакцинални сертификати во земјава и дека тоа е во надлежност на МВР.
ПОВЕЌЕ на следниот ЛИНК







