По апсењето на Алил Демири во Косово, кој е осуден во случајот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковско Езеро во 2012 година, се отвора прашање дали македонскоте власти ќе побараат негов а екстрадиција иако барањето од 2018 година сè уште важи.



Во Косово уапсен Адил Демири осуден за масакртот кај Смилковско Езеро

Демири е во бегство и од 2012 година се бара со меѓународна потерница, исто како и Африм Исмаиловиќ, кој уште не е најден.

По апсењето на Демири „Слободен печат“ го праша Министерството за правда дали министерот Кренар Лога ќе изврши на „трампа“ со 29-те затвореници осудени за „Диво Насеље“ кои ја издржуваат казната во затворот Идризово и кои со години бараат да ја издржуваат во Косово, од каде што потекнуваат, има ли нови такви барања од затворениците и од косовската страна и кој би бил одговорот на Министерството за правда во случај да стигне и такво барање.

Имено, министерот Лога пред пет месеци истакна дека кумановската група осудени за „Диво насеље“ ќе биде трансферирана на доотслужување на затворската казна во Косово ако им бидат уредни барањата и ако за тоа има согласност и од Македонија и од Косово.

Лога тогаш најави дека најмалку 10 чекори ја делат кумановската група до екстрадиција во Косово.

Тие се осудени за тероризам за настаните во Куманово од 9 до 10 мај 2015 година, во кои загинаа осум полицајци., и од 29 осудени, седуммина имаат казни доживотен затвор, а 13-мина имаат казни затвор од 40 години, потсетува Слободен печат.