Францускиот предлог нема да се најде на усвојување на денешната владина седница, потврдуваат извори од Владата иако вчера се најавуваше таква можност, јави „Слободен печат“.
„Според наши извори Владата нема да брза со усвојување на документот бидејќи консултациите се` уште траат и не се исцрпени. Од Владата повторуваат дека ништо што задира или потенцијално задира во идентитетот, образованието, историјата, нема да биде дел од преговарачката рамка“ објави Слободен печат.






