Дискотеката „Привилиџ“, пред која беше убиен ракометарот Денис Тот , немала лиценца за работа, изјави министерот за економија, Крешник Бектеши, за „Слободен печат“.
„Државниот пазарен инспекторат може да излезе на терен и да провери околу ова“, додаде Бектеши.
Од државниот пазарен инспекторат за „Слободен печат“ најавија дека повторно ќе постапат за овој ноќен клуб, иако и претходно постапувале.
Пред ноќниот клуб „Привилиџ“, минатата недела до смрт претепан беше ракометарот Денис Тот.







