Речиси 23.000 работници сè уште ги чекаат заработените февруарски, мартовски и априлски примања, информираат од Управата за јавни приходи за „Слободен печат“
Како што дознава порталот, 6.758 работници сè уште немаат земено плата за февруари, во март без плата останале 7.018 лица, а априлската ја чекаат 9.074 работници.
Фирмите се од сите сектори, а дел од нив се повторуваат. Рокот за поднесување на М-ПИН пријавите за плати е до 10-ти во месецот, за претходниот месец, а обврската за исплата на платите е до 15-ти во месецот.
Тие што не ги исплатиле, добиваат опомени, а подоцна ќе им биде блокирана и сметката.






