Сожалување за Ковачевски откако за 24 часа не добил ни 20 лајка на фалбаџиски твит

Премиерот Ковачевски на Твитер се пофали дека 2022 е година на најголема реализација на капитални инвестиции во вредност од 465 милиони евра.



,,И оваа година продолжуваме со реализација на нови капитални проекти во секоја област, во целата држава, со цел да обезбедиме подобар квалитет на живот на граѓаните”, напиша Ковачевски по што доби низа незгодни коментари за фалбата за која не даде ниту еден конкретен аргумент во твитот.

Во дел од коментарите се искажува револт за (не)вистинитоста на фалбата на Ковачевски а во дел од коментарите се искажува сожалување за премиерот кој добива се помала поддршка на социјалните мрежи.

Во конкретниот твит Ковачевски за 20 часа добил само 17 лајка.

Ако се анализираат профилите кои ставиле лајк ќе се види дека мал дел од лајковите се добиени од луѓе вработени во владата на СДСМ а поголем дел се странци или таканаречени ,,ботовски” профили.