Советот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) донесе одлука да се отрфли предлогот од Владата за зголемување на палтите за 12 проценти и реши штрајкот да продолжи во образованието, но не и во градинките, а за 4 мај најави протест пред Владата.



Од 480 синдикални организации што се изјаснија, 388 дадоа поддршка за продолжување на штрајкот од утре, а 83 беа за прекин, соопшти претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

Најголем дел од тие што се за прекин на штрајкот се од детската заштита, а оргомен број од тие што се за продолжување се вработените во основното и во средното образование, додаде тој.

Врз основа на изјаснувањето на синдикалните организации од детските градинки, а „во интерес на родителите, децата и стопанството“, Советот на СОНК реши штрајкот кај нив да се стави во мирување, што значи дека од утре градинките ќе продолжат со редовна работа.

Во знак на незадоволство од резултатите на преговорите, Советот на СОНК реши на 4 мај да се организира масовен протест пред Владата.