Советот на јавни обвинители се одмаздува, почнува прогон на Ленче Ристовска

Советот на јавни обвинители се одмаздува и почнува прогон на поранешната обвинителка на СЈО, Ленче Ристоска, откако таа вчера ја критикуваше работата на Советот за јавни обвинители, за каде тече дека владеат клиентелистички односи.



„Се додека членови на Советот на кандидатите што аплицираат за повисоки позиции отворено им кажуваат дека некој треба да се јави за кандидатот да биде избран, јасно е дека Советот е избор на тргување со влијание во обвинителството и затоа сметам дека треба да се реформира. Подоцна, изборот што Советот го прави, креира клиентелистички однос на јавните обвинители кон тие што лобираат за нивниот избор и сето ова неминовно води кон систем што не може да одговори во борбата со корупцијата и организираниот криминал“, вели Ристовска.

Советот на јавни обвинители ќе ја гони Ристовска по членот 10 од кодексот на јавните обвинители.

Во овој член се предвидуваат санкции за низа прекршувања.

Член 10

Професионалност

Јавните обвинители се должни во вршењето на функцијата да
постапуват стручно, непристрасно, одговорно и ефикасно.

Во вршењето на јавнообвинителската функција и во приватниот живот,
јавните обвинители мора да се однесуваат на начин со кој ја штитат честа и
угледот на јавнообвинителската професија и довербата на јавноста во
работата на јавното обвинителство.

Јавните обвинители се должни да ја почитуваат професионалната
доверливост и да ги чуват како тајна податоците кои ги дознале во текот на
вршењето на функцијата и по престанок на истата.

Јавните обвинители кога ќе примат од повисокиот јавен обвинител
напатствија за постапување во одредени предмети, ќе се воздржат за тоа да
даваат известувања или коментари на други.

Јавните обвинители пред преземање било какви работи надвор од
јавното обвинителство, а кои не се регулирани со одредбите од Законот за
јавното обвинителство, мора да го известат за тоа претпоставениот односно
повисокиот јавен обвинител и да постапуваат во согласност со добиеното
мислење.

Јавните обвинители нема да ги коментираат во јавноста одлуките
донесени од Советот на јавните обвинители на Република Македонија.

Јавните обвинители нема да ги коментираат во јавноста заклучоците,
ставовите, препораките, мислењата, упатствата и други одлуки донесени од
Јавниот обвинител на Република Македонија, стручниот колегиум или
донесени на состаноци на јавното обвинителство.

Јавните обвинители во вршењето на својата функција и во јавноста, ќе ја
почитуваат презумпцијата на невиност, не само за предметите по кои
постапуваат, туку и за останатите предмети по кои постапуваат други јавни
обвинители.

Ако се утврдат посериозни прекршувања можно е Ристовска да биде и суспендирана.