Со посебна загриженост и вчудовиденост Здруженито за надворешна и меѓународна политика „Совет на Амбасадори“ ја прими најавата на еврокомесарот за проширување Вархеји дерка е можно Македонија и Албанија да бидат поделени во нивниот пат до полно членство во Европската Унија, доколку Македонија и Бугарија не наоѓаат заеднички јазик во решавањето на спорот околу идентитетските прашања.
„Советот на Амбасадори не верува дека изнесениот условен став на комесарот Вархеји може да биде и став на Унијата. По ова проблематика пред две години негативно се изјаснија некои земји членки на Унијата и не веруваме дека постојат сериозни причини ЕУ да го промени ставот.
Советот е на ставот дека прогресот кон полноправното членство во Унијата на земја кандидат не смее да биде во заложништво на ветото на една земја членка кога се однесува до билатералните нерешени прашања.
Тие сметаат дека реализирањето на таквата можна опција ќе даде негативни импликации за земјата и за регионот, ќе го зголеми степенот на евроскептицизмот и песимизмот кај граѓаните и непотребно ќе го оддолжи патот на Република Северна Македонија кон полноправното членство во Унијата.
Го повикуваат Комeсарот за проширување Оливер Вархеји и неговата матична земја како и лидерите на другите земји членки на Унијата да вложуваат максимални напори оваа година конечно да се оддржи меѓувладината конференција и земјата да зачекори кон побрзото интегирање во ЕУ“, се вели во соопштението од Советот на Амбасадори.







