Советникот на Бајден за Ковид-19, позитивен на коронавирус

Американскиот експерт за заразни болести Ентони Фаучи е позитивен на Ковид-19, откако бил тестиран со брз антиген тест, информираше Националниот институт за здравје.



„Моментално има лесни симптоми“, додаваат од Институто откаде информираа дека тој продолжува да работи од својот дом додека закрепнува.

Осумдесет и едногодишниот Фаучи, целосно вакциниран и со примени две бустер дози, во скорашно време немал близок контакт со претседателот на САД, Џо Бајден, на кого му е главен советник за здравство.

Фаучи како долгорочен управител на Институтот за алергија и заразни болести го предводеше одговорот на САД на секоја пандемија од 1984 година. Тој особено е ценет поради своето водство за време на раните борби против ХИВ и СИДА. МИА