Советник од БЕСА нападнат од колега од ДУИ во Охрид

Советник на ДУИ нападнал физички советник на БЕСА на Билал Касами во Охрид.



Вападот врз советникот Џелал Мена од страна на Нефи Усеини е пријавен во полиција, а од БЕСА соопштија дека ќе ги известат сите странски амбасади.

„Како криминалните акции се приближуваат до крај така јасно се гледаат стравот и паниката во ДУИ. Денес, по апсењето на државниот секретар од редовите на ДУИ и објавувањето на бомбите за водачите на оваа партија, ДУИ последните денови, ја изгуби ориентацијата…“

Во соопштението, БЕСА ги повикува и другите политички партии „да го осудат насилството, да ја изолираат и да ја испратат во историјата оваа структура на корумпирани и криминализирани лица кои ја држаат во заложништво иднината на Албанците“.