Советник на Заев во вербален инцидент со медиумски работници: ” …сега најдовте да зборите”

Вербален инцидент во кој е вклучен главниот советник на премиерот Заев за пропаганда Марјан Забрчанец се случил завчера при пристигнувањето на авионот со бегалци од Авганистан на скопскиот аеродром.



Нападот меѓу другите е насочен и врз популарната Норе односно фотографката Арбноре Мехмети која открива како Забрчанец ги нападнал снимателите и фотографите кои ги дочекаа бегалците од Авганистан а кои за разлика од владините сниматели и тик-токер беа до авионот што ги донесе бегалците.

„11 година ве газеа и ќутевте, сега најдовте да зборите“, вака ни се обрати советникот на премиерот Зоран Заев, Марјан Забрчанец, во 2018, откако се бунеа фоторепортерите за тоа што после 11 години им забрани одблиску да ги сликаат лидерите на партиите заради безбедносни причини.

Поради безбедносни причини синоќа бевме спречени да ја извршиме нашата работа, за тоа што сите сниматели, фоторепортери и новинари беа стационирани 1 километар во далечина од местото каде што требаше да слета авионот.

На моето прашање до господинот Забрчанец, што бараат четворица владини фотографи и сниматели во близина на авионот, и ЕДЕН ТИКТОКЕР тој ми одговори, ‘’Тие се тука за да сликаат за медиумите”.

И баш се прашував, а ние што правиме тука?

Гледајќи синоќа како повеќето новинари молчеа иако ниту еден од нивните сниматели не беше задоволен од кадарот што го имаше на располагање, потполно ве разбирам зашто вие се однесувате на овој начин. Друг пат ве замолувам пред капија да не стационирате за да не им сметаме на вашите фотографи и сниматели.
За оваа молчење на моите колеги, Забрчанец и компанијата мислат дека и јас сум им должна да молчам, и да дозволам да ме газат и фаќаат за грло.
Не, не сум ви должна јас ништо, туку вие на мене. Вие сте должни да ми обезбедите услови за работа, колку побрзо го направите тоа, толку подобро ќе биде за сите нас”, пишува Мехмети во врска со инцидентот.