Советник на Трајковски, Црвенковски и Иванов открива тајни од претседателскиот кабинет

Вечерва во скопскиот Хотел Hilton Double Tree, ќе се одржи промоција на книгата монографија “Сведоштва од претседателскиот Кабинет”.



Интересот на јавноста за ова дело е очекуван поради низата информации поврзани со контраверзна настани во кабинетот на шефовите на државата кои досега се малку или воопшто не се разјаснети во јавноста.

Неофицијално од книгата меѓу другото ќе стане јасно кој вршел притисок врз кабинетот на претседателот за време на аболицијата во 2015 година односот на тогашниот шеф на ДБК кон претседателот Иванов и други теми од подалечната и поновата историја.

Станува збор за автор кој во моментов ја обавува должноста Уставен судија, но неговиот професионален ангажман пред оваа функција е врзан со три македонски претседатели и 17 годишна кариера како дипломатски советник во претседателскиот Кабинет.

Станува збор за д-р Дарко
Костадиновски.

Како што може да се дознае, станува збор за автентичен ракопис во кој се доловени амбиентот и реакциите во македонското општество кон различни настани, но и обратно, расположението и реакциите на претседателите Трајковски, Црвенковски и Иванов, на Кабинетот, како и неговите лични доживувања.

Од кусиот разговор со авторот, ни беше нагласено дека целта му била од „прва рака„ да пренесе и евоцира лични сеќавања кои треба да ја доловат сликата што не се гледа, онаа што е
зад „завесите„, базирно на објективен пристап, на вистински настани и искуства.

Авторот смета дека книгата со својата објективност и фактографија на настаните во изминативе 17 години, треба да послужи како еден вид прирачник од кој младите генерации може да научат како да не грешат, да извлечат поуки.

Да научат никогаш да не губат, или да добиваат или да учат.
Инаку ова не е прво дело на судијата Костадиновски, но за разлика од неговите стручни книги “Меѓународна арбитража” и “Правни последици од советодавните мислења на Меѓународниот суд на правдата” , без дилема оваа дело на 1000 страни со илјадници фотографии, ќе го пробуди интересот на јавноста поради информациите кои за прв пат ќе ги дознае јавноста.