Советник на премиерот стана пратеник во Собранието

Советникот за мултикултурализам на премиерот Заев, Рубин Земон, стана нов пратеник во македонското Собрание.



Земон е македонски Египќанец и претседател на партијата ПОЕН која е во коалиција со СДСМ.

ПОЕН настана по распадот на партијата Позитивна Македонија во која членуваше и екс премиерот Владо Бучковски.

Земон како следен на листата на коалицијата на СДСМ во пратеничките клупи ќе го наследи пратеникот Томислав Тунтев кој замина на висока позиција во Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Првата задача за која ќе треба да крене рака Земон во Собранието ќе биде промена на уставот и името на државата.