Јан Егеланд, поранешен норвешки дипломат кој беше вклучен во Договорот од Осло и ги олесни преговорите меѓу Палестинците и Израел, изјави за Би-Би-Си дека наредбата на Израел за евакуација на северот на Газа е принуден трансфер на луѓе, што се смета за воено злосторство според Женевската конвенција.



Израелските власти дадоа рок од 24 часа, кој истекува денеска во 16 часот по локално време, милион луѓе да го напуштат северот на Газа.

Израел протерува над еден милион Палестинци од Газа

Егеланд, кој е генерален секретар на Норвешкиот совет за бегалци, додава дека се случува хуманитарна катастрофа во Газа.

„Има многу деца под урнатините кои никој не може да ги ископа… десетици илјади уништени или непогодни станови… илјадници луѓе бегаат за да си ги спасат животите“, вели тој.

Егеланд вели дека Западот сè уште не ги сфатил целосно размерите на кризата во Газа.

„Велика Британија, САД и ЕУ со право рекоа дека сме со Израел во борбата против тероризмот“, додава Егеланд.

„Се надевам дека не дадоа зелено светло да убијат милион деца“, рече тој.