Советник на министерот Чулев позитивен на корона

Мухамет Исмаили, советник во кабинетот на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев е позитивен на ковид-19.



„Имаили последен пат бил на работа на 2 јуни, а тестот го направил на 6 јуни кога е потврдено дека е позитивен“ информиаа од МВР.

Последната средба министерот Наќе Чулев со неговиот советник ја имал на 24 мај.

Досега ниту едно лице од Кабинетот на министерот не е во изолација, се вели во информацијата на МВР и се додава дека министерството ги презема сите неопходни мерки за заштита на сите вработени.