Советник на Курти го критикува Османи за дозволата за Лавров: Чека ли да му подари книга „Руската армија“?

Беким Ќоку, советник за Македонија на косовскиот премиер Албин Курти, го критикува министерот за надворешни работи Бујар Османи за дозволата за доаѓање на неговиот руски колега Сергеј Лавров на самитот на ОБСЕ на крајот од месецов во Скопје.



„Додека првиот потпретседател на Владата на Северна Македонија, Артан Груби, лично финансира и администрира (колку и да изгледа смешно) 10 портали преку кои дистрибуира пропаганда и лажни вести, министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи, како домаќин на Министерскиот совет на ОБСЕ што ќе се состане во Скопје на 30 ноември, се обидува да ги најде сите можни изговори за да не го спречи доаѓањето и учеството на рускиот министер за надворешни работи Лавров. Кога целиот демократски свет ги затвора вратите, Бујар ќе биде дарежлив кон рускиот министер.

Чекаат да видат дали Лавров ќе му донесе подарок книга на Бујар со наслов ‘Руската армија’, како што началникот на српскиот Генералштаб, Диковиќ, во Белград му ја подари на својот тогашен колега и сопартиец на Османи, Фатмир Бесими, книгата со наслов ‘Српската војска’.

Владата на СДСМ/ДУИ/АА со силна и отворена поддршка и спонзорство за српскиот свет познат како Отворен Балкан“, коментира претставникот за Македонија на партијата Самоопределување на Курти.