Советник на Ковачевски се сретнал со тајни субверзивни структури од руската амбасада (ВИДЕО)

Советник на премиерот Димитар Ковачевски се сретнал со за јавноста тајни и субверзивни структури од руската амбасада.



Ова јавно признание го дава советникот на премиерот Ковачевски за Евроатлански средби Исмет Рамадани во емисијата Само Вистина која заврши со бркање на советникот поради негов напад врз водителот Александар Видиновски.

Рамадани во емисијата јавно признава дека на негово барање се сретнал со таен претставник на руската амбасада.

Според Рамадани на средбата за која тој го известил премиерот му биле кажани резултати од анкета која според сите останати анкети е лажна.

Оваа средба на советник на премиерот е целосно спротивно на наративот на владата која тврди дека опозицијата е проруска а власта е проевропска.

Што конкретно зборувал Рамадани со рускиот таен претставник владата на СДСМ и ДУИ никогаш не открила.

Преходно Рамадани вели дека некој може и несвесно да биде под влијание на субверзивни активности.

Видеото од оваа изјава на Рамадани на овој линк на Канал 5

Дали Македонија е единствена членка на НАТО каде директор на безбедноста служба е “сомнително лице”

Шеф на моќна македонска тајна служба не поминал полиграфско вештачење (ВИДЕО)