Советникот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и адвокат Александар Тортевски на дебата на Телевизија Телма, побара на експремиерот Никола Груевски, кој побегна и побара азил од Унгарија, да му се пратат луѓе во Будимпешта.
Тортевски вели дека ако Македонија е сееиозна држава треба на Груевски да му прати неколку луѓе за да го вознемири.
Според советникот на Јанева Груевски ќе се плашел затоа што пред 5 години на гостување на телевизија се исплашил од пукната сијалица.
Екс претседателот на скопскиот кривичен суд Владимир Панчевски оваа изјава на Тортевски ја оценува како скандалозна.
ВРВ НА ЗАБЕГАНОСТ!!! Слушнете го концептов и методиве што ги предлага адвокатов! pic.twitter.com/PoDLLiddJi
— Владимир Панчевски / Vladimir Panchevski (@VladimirPanche6) November 15, 2018





