Поранешниот советник за надворешна политика на претседателот Иванов, а предходно член на кабинетите на Црвенковски и Трајковски во својата книга “Сведоштва од претседателскиот кабинет” открива кој вршел притисок врз лидер на тогашната опозиција Заев да го избере Талат Џафери за спикер и да ги испровоцира насилствата во Собранието.
Според Дарко Костадиновски кој сега е судија во Уставниот суд притисок врз Заев вршеле структури во СДСМ но и некои амбасадори на странски држави во Скопје.
Овие информации Костадиновски ги добил од екс амбасадорот на ЕУ во Скопје Самуел Жбогар со кого ручал на денот на изборот на новото парламентарно мнозинство во 2017 година со 59 гласа два помалку од потребните 61.
Овие информации за 27 април се појавија на социјалните мрежи откако вчера на интервју во Канал 5 обвинителката за организиран криминал Русковска објави дека осудените за “Црниот четврток” не се терористи.
Планот, пред и за време на 27ми
–
дента, Жбогар известил дека Заев е под притисок на странски амбасадори, пред доаѓање на Хојт Ли да се избере Таљат, зависно од “отпорот на опозицијата”
—
вечерта, ОБСЕ|🇺🇸 барале 🪖🥷⛑ интервенција од Прет. Иванов за евакуација на пратениците pic.twitter.com/yMDbAK9XgQ— Демир (@Trollowsky) December 12, 2020






