Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, во последните месеци се вклучил во доверливи разговори со високи соработници на рускиот претседател Владимир Путин.



Средбте биле обид да се намали ризикот од поширок конфликт околу Украина, како и да се предупреди Москва да не користи нуклеарно или друго оружје за масовно уништување, објави „The Wall Street Journal“, повикувајќи се на свои извори.

САД „приватно“ бараат Украина да покаже отвореност за преговори со Русија

Саливан бил во контакт со Јуриј Ушаков, советник за надворешна политика на Путин, и со неговиот директен колега во руската влада, Николај Патрушев.

Целта беше да се заштити од ризикот од ескалација, да се држат отворени комуникациските канали, а не да се разговара за решавање на војната во Украина.

Советот за национална безбедност на САД и Кремљ не коментираат.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден лично ги охрабри лидерите на Украина да сигнализираат отвореност за разговори со Русија и да се откажат од нивната јавно искажана намера да се вклучат во мировни преговори само доколку претседателот Владимир Путин биде отстранет од власт. Ова беше објавено еден ден претходно од Вашингтон пост.