Советници на СДСМ во општина Кисела Вода зажалија што влегоа во отворен судир со човекот кој е познат како уништувач на урбаната мафија.
По обвинувањата кон градоначалникот Орце Ѓорѓиевски дека имал непотребни трошоци тој на состанок на советот на општина Кисела Вода донесе кожна фотеља која чини 500 евра а ја набавил предходниот градоначалник од СДСМ Филип Темелковски.
Ѓорѓиевски објави дека покрај таа фотеља предходната администрација на СДСМ купила уште 7 други фотељи кои чинат по 300 евра а дека тој кога дошол на челно место на општината од дома си донесол своја фотеља што сам ја платил.
Пред советниците на СДСМ градоначалникот зборува и за други непотребни трошоци направени од неговиот претходник како огромните пари дадени за набавка на цвеќиња.
Ѓорѓиевски е познат како борец против урбаната мафија и човек што спречи изградба на 100 згради во Кисела Вода договарани од СДСМ.
Повеќе во видеото
Повторно @GjorgjieskiOrce ги извади мудата!
Го донесе на Совет столчето на Темелковски што било платено неверојатни 500 евра, па и ги ребреше малку повеќе. :))) pic.twitter.com/z7bAv3exX0— 'Кај Стариот' (@KajStariot) December 26, 2022






