Шефот на државата Стево Пендаровски по денешната седница на Советот за безбедност информираше дека ќе и биде препорачано на Владата да прогласи кризна состојба на територијата на целата земја во наредните 30 дена.
Ова ќе и даде можност на Владата да управува со сите ресурси па и со приватните болници, за што за користење на приватните ресурси ќе има компензација.
Пендаровски рече дека ова не треба да се меша со полициски час и рестикции во движењето на граѓаните.
Премиерот зоран заев информираше дека не се исклучува воведување на локдаун.





