„За разлика од многубројните објекти, на катови и со оградени дворови на државно земјиште, крстот на Попова Шапка е поставен на манастирски имот и прашање. Дали било каде во земјава за поставување крст во двор на манастир некој дал дозвола? Крстот е верско обележје. Што правиме со многуте објекти профани и сакрални изградени на државно земјиште? На Попова Шапка има такви има насекаде. Зошто за ниту еден од нив до сега не заседаваше вонредно Советот на пштина Тетово?“ – прашува Даријан Сотировски, претседателот на Kомисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Даријан Сотировски преку општествените мрежи.
Повикувајќи на внимателност и воздржаност од сите за ситуацијата околу Попова Шапка, Сотировски на фејсбук, исто така, нагласува: На Попова Шапка со години наназад гради кој каде ќе стигне. И покрај повиците на многумина стручни лица, но и на сопственици на викенд куќи и хотелиери, Општина Тетово не најде за сходно тоа да го разреши преку усвојување урбанистички планови и соодветно одобрување изградба, поставување времени објекти, опрема и инсталации, но и соодветна непристрасна и неселективна надзорна и казнена поставеност.“
Двојните аршини се погубни во демократија. Зачудува и експресното свикување вонредна седница (за нецели 3 часа од барањеto), особено имајќи предвид дека, на пример, барањето предлогот на ,,Тетово сака парк” да биде разгледан на седница на Совет на општина Тетово се уште чека речиси две години. Верските симболи ги следат верските објекти, крстот и минарето одат до цркви и џамии. Во мултикултурно и мултирелигиско општество со секој човек мора да оди толеранцијата и почитта кон различниот.





