Состојбата со струјата е критична, за тоа алармира стручната фела – власта смирува

Милионите евра со кои Владата ја задолжува Македонија за купување на струја ќе ги плати народот, од и онака истенчениот џеб, вели за Алфа универзитетскиот професот Контантин Димитров кој по 100-ти пат алармира дека состојбата е критична.



Вели дека, не е точно дека овој проблем е целосно глобален, зашто соседите како Србија, па и Босна и Херцеговина, но и Германија имаат вишоци на струја кои ја продаваат, за разлика од нас, кои во недостиг на струја без најава повлекуваме од европската мрежа, а треба да ја платиме.

И покрај 4-те опомени кои стигнаа на адреса на „МЕПСО“, влечењето струја продоложува.

За оваа, но и за други теми со универзитетскиот професор Константин Димитров кој до сега по 100-ти пат алармираше дека состојбата е критична. Еве дел од разговорот, а ова се главните поенти:

Не знам како МЕПСО си дозволи да се повлекуваат толкави големи количини струја без да се реагира, вели професор Константин Димитров. Поефтино е да се купи на берза отколку да се повлече, што мсилеа, дека нема да ги фатат, вели професорот.

Постојат само три опции: рестрикции, земање кредити или итно поскапување на струјата. Незнаење, неискуство или не дај боже зли намери, вели тој.

Милионите евра со кои владата ја задолжува Македонија за купување на струја ќе ги плати народот, потсетува професорот, во разговор за Алфа кој треба да го слушнете до крај за да стан јасно што му ја пие супстанцата на РЕК Битола.

Целото интервју тука.