Сорос јуниор ја презема контролата врз фондацијата „Отворено општество“

Мултимилијардерот Џорџ Сорос(92) ја предава контролата на фондација Отворено општество“ на 37-годишниот син Александер.



Тој го именуваше Александар (еден од петте деца) за директор на една од најбогатите светски филантропски фондации, потврди портпаролот на фамилијата Сорос, пренесе Ројтерс.

Портпаролот ги потврди деталите од интервјуто со Сорос објавено во неделата во The Wall Street Journal.

Сорос претходно тврдеше дека не сака неговата Фондација Отворено општество да биде преземена од едно од неговите пет деца.

Но за изборот на Александар тој изјави:

„Го заслужи тоа“, рече Сорос, чие богатство се проценува на 6,7 милијарди долари. Александар (37) рече во интервјуто за „Вол стрит џурнал“ дека е „повеќе вклучен во политика“ од неговиот татко и дека планира да продолжи да ги донира семејните пари на левичарски кандидати во САД.